-->
-->
Лига 1: Монако продолжи со победите
-->
Фудбалерите на шампионот на Франција, Монако новото првенство го почнаа со победа откако синоќа на домашен терен со пресврт го совладаа Тулуз со 3:2. Гостите поведоа во 6.минута преку Зинедин Машаш, а на 1:1 изедначи Жемерсон во 28.минута. Ново водство за Тулуз донесе Анди Делор во 53.минута, додека на 2:2 изедначи Фалкао пет минути подоцна. Конечните 3:2 ги постави Камил Глик во 70.минута.
Ова беше 13.та победа во серија за екипата на Монако во шампионатот на Франција.
Од стартното коло денеска се играат шест натпревари:
ПСЖ – Амиен,
Олимпик Лион – Стразбур,
Мец – Генгамп,
Монпеље – Каен,
Сент Етиен – Ница и
Троа - Рен.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите:
Лил – Нант,
Анже – Бордо и
Олимпик марсеј – Дижон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи