Фудбал
12. December 2016 - 8:51

Лига 1: Кавани донесе бод за ПСЖ против Ница

Дерби дуелот од 17.коло од француската Лига 1 што синоќа се одрига меѓу ПСЖ и Ница заврши без победник 2:2 со што Ница го задржа првото место на табелата. Ница по првиот дел водеше со головите на Вилон Сиприен во 32 минута и на Алесане Плеа во 45+2 минута. Единсон Кавани со двата гола (46 и 60.минута) во вториот ден на шампионот му донесе бод. 
 
Резултати на дуелите од 17.коло:
Олимпик Лион – Рен 1:0,
Сент Етиен – Генгамп 1:0,
Бастија – Мец 2:0,
Лил – Монпеље 2:1,
Нанси – Анже 2:0,
Тулуз – Лориен 3:2,
Бордо – Монако 0:4,
Дижон – Олимпик Марсеј 1:2.
 
Табела: Ница 40 бодови, Монако 39, ПСЖ 36, Олимпик Лион 28, Рен 27, Генгамп 26, Тулуз 25, Сент Етиен 25,...