Фудбал
21. December 2015 - 8:44

Лига 1: Без победник на дуелот Бордо - Олимпик Марсеј

Последниот натпревар од 19.коло на Француското фудбалско првенство одигран синоќа во Бордо меѓу истоимената домашна екипа и Олимпик Марсеј заврши без победник 1:1. Стрелец на голот за гостите од Марсеј беше Жак-Алексис Ромао во 55.минута, изедначи Вахби Казри две минути подоцна.
 
На другите два вчерашни дуела победи остварија домашните екипи. Сент Етиен го победи Анжи со 1:0, а Ајачио беше подобар од Олимпик Лион со 2:1. 
 
Резултати на останатите натпревари од ова коло: Ница – Монпеље 1:0, Каен - Пари Сен Жермен 0:3, Гингамп – Рен 0:2, Tроа – Монако 0:0, Лориен – Нант 0:0, Бастија – Ремс 2:0 и Тулуз – Лил 1:1.
 
Табела: ПСЖ 51 бод, Монако 32, Анжи 31, Кан 30, Ница 29, Сент Етиен 29...