Фудбал
6. July 2021 - 10:10

Лидс со посебна благодарност за Алиоски

Премиерлигашот Лидс јунајтед потврди дека македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски заминува од клубот по четири години во Јоркшир, порачувајќи му дека „секогаш ќе биде шампион“ со посебно видео со неговите најдобри потези за тимот на Марсело Биелса.
 
Уште не е познато каде Алиоски ќе ја продолжи кариерата, иако најверојатни се дестинации во Турската Суперлига. Директорот на фудбал на Лидс, Виктор Орта имаше само пофали зборови за Алиоски.
 
„Знаев дека Џани ќе биде посебен од првиот момент кога пристигна. Емоциите кои ги видов на неговото лице и на неговите родители кога дојде на ‘Еланд Роуд’ беа прекрасен момент. Дури и со тоа, тој ги надмина очекувањата. Ќе им недостасува на сите соиграчи и на цел тим на стадионот“, вели Орта.
 
Алиоски настапи вкупно 171 пати за „белите“ и имаше 22 постигнати голови. Во 2019/20, тој беше клучен дел од тимот на Биелса со 39 настапи за Лидс да се врати во Премиер лигата, а лани во 36 настапи во елитата постигна два гола.