Македонија
7. September 2019 - 16:06

Лидерска средба за финализирање на преговорите помеѓу власта и опозицијата

Заев и Мицкоски во втроник ќе ја решаваат судбината на Законот за јавно обвинителство. лидерска средба ќе има, но и можност за нова средба на работните групи. Извори за Сител велат дека сите опции се отворени и дека најверојатно на лидерската средба ќе и претходи и нов состанок на работните групи помеѓу власта и опозиција, кои ќе треба да го подготват теренот за побрз договор помеѓу Заев и Мицкоски. Официјално опозицијата потврдува дека тема на разговор помеѓу лидерите ќе бидат сите отворени прашања, а приоритет ќе се даде и на барањето за предвремени избори.

Без поголем напредок во преговорите заврши и вчерашната средба помеѓу работните групи. Премиерот Заев вели дека е оптимист за компромис со опозицијата до 15 септември, но дури и да не се постигне решение, предметите на СЈО имаат иднина во рацете на државното обвнителство. За лидерот на опозицијата овој чекор нема никаква правна логика, а предвремените парламентари избори стануваат неизбежни.