Лидерска: Ковачевски и Мицкоски на иста маса со различни агенди
Со различна агенда и различни очекувања одат Ковачевски и Мицкоски на утрешната лидерска средба. Пораките дека позициите на двајцата лидери по однос на уставните измени се уште се цврсти ги испратија нивните партии.
Откако вчера, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со потписи му даде овластување на Мицкоски да не прифати уставни измени, денеска од пратеничката група на СДСМ со апел нивните опозциски колеги да се предомислат бидејќи потписите биле изнудени и единствено во интерес на нивниот лидер, а не во интерес на државата.
Иако не откриваат дали имаат план Б, од СДСМ не исклучуваат на состанокот да се збори и што во случај уставните измени сепак да не успеат како што најавува опозцијата.
Од опозцијата велат дека за нив на состаникот ќе има само едно клучно прашање: кој е правецот во кој ќе се движи државата по неуспешните уставни измени.
Ковачевски и Мицкоски утре се на лидерска средба поради тоа што се ситни времето уставните измени за внесување на Бугарите да се завршат во ноември, како услови да почнат преговорите со ЕУ.
Инцијативата за промени во Уставот веќе е во владата и се очекува таа да биде прифатена по лидерскиот состанок, по што би почнала и собрнаиската процедура.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар