Loading Video...
Свет
14. October 2020 - 16:34

Лидерот на „Златна Зора“ доби 13 години затвор, убиецот на раперот доби доживотен затвор

Лидерот на Златна зора и пет поранешни пратеници од партијата, добија по 13 години затворска казна за формирање криминална организација одлучи Апелациониот суд во Атина. За учество во криминална организација од 5 до 7 години добија 11 члена на Златна Зора а симпатизерот на неонацистичката партија кој го уби грчкиот рап пејач Павлос Фисас доби доживотна казна. Судскиот процес траеше повеќе од 5 години.

Европската Унија најави санкции за шестмина Руски официјални лица и една организација поради труењето на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел не соопшти кому можат да му воведат санкции или кои мерки би можеле да бидат на сила. Шефот на руската дипломатија порача дека Москва може да го замрзне дијалогот со Брисел како одговор на санкциите.

Изборите за претседател на САД ќе се одржат на 3 ноември. Можноста за предвремено гласање досега ја искористиле 12 милиони американски гласачи. Американксиот Проект за избори на Униврзитетот во Флорида објави дека е соборен рекордот по бројот на предвремени гласови. За Белата кука се борат актулениот претседател Доналд Трамп и демократот Џо Бајден.