Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се сретна со австрискиот амбасадор Вуцас
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски остварија средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, македонската европерспектива, стратешките определби на државата и предизвиците со кои се соочува Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека основната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија е членството во Европската Унија, односно европеизација на нашата држава и достигнување на западните стандарди.
Во однос на предизвиците со кои се соочува нашата држава, Мицкоски ги посочи криминалот и корупцијата на високи државни и партиски функционери на власта. Неказнивоста на случаите на висока корупција е голем проблем, додаде тој, а притоа ги напомена Рекет 1, Рекет 2 и други случаи на висока корупција за кои се уште нема правна завршница. За да се врати владеењето на правото во Македонија беше истакнато дека потребни се суштински реформи во правосудниот систем, реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе кога ќе ја преземе власта во Македонија.
Соговорниците се согласија дека се одлични односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Австрија и Република Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Австрија е голем пријател на Македонија и дека токму тоа се потврдува во овие клучни моменти за македонската европерспектива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица