Балкан
24. May 2016 - 11:51

Лидерот на турските националисти е против воведување претседателски систем во Турција

Лидерот на турските националисти Девлет Бахчели денеска категорично се изјасни против воведувањето на претседателски систем во Турција, нагласувајќи дека тоа неизбежно води кон деспотизам и скапо ќе ја чини земјата на долгорочен план.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот се надева на поддршка во Парламентот од Партијата за националистичко дејствување на Бахчели, со цел да се усвојат измени во Уставот и да се воведе претседателски систем на управување или систем во кој шефот на државата ќе може да ја зачува партиската припадност.

Бахчели изјави пред Парламентот дека тој е категорично против двата предложени система