Лидерот на турската прокурдска партија ДПН, Селахатин Демирташ, го прекина штрајкот со глад
Притворениот лидер на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), Селехатин Демирташ, го прекина штрајкот со глад, доцна синоќа јавија претставници од неговата партија, пренесе ДПА.
Демирташ вчераутро престанал да зема храна. Кон неговиот протест се приклучил и пратеникот Абдула Зејдан, кој, исто така, се наоѓа во строго чуваниот затвор во западниот турски град Едрене.
Двајцата доцна синоќа го прекинаа штрајкот со глад, што беше прогласен во знак на солидарност со повеќе од 100-те политички затвореници во Турција, кои протестираат против „незаконските“ и „нечовечкки“ практики, како што ДПН ги нарекува во своето соопштение, на кои се подложени затворениците во Турција, во кои се вклучени и мачења, држење во изолација, изненадувачки претреси на ќелии и конфискување на предмети од лична сопственост.
Демирташ и Зејдан се одлучиле да го прекинат штрајкот со глад по преговорите за почнување дијалог со властите на затворот и како израз на добра волја, што била покажана и од двете страни, се наведува во соопштението на партијата.
Демирташ е еден од членовите на ДПН, кој во ноември беше притворен под обвиненија за тероризам. Тој и уште 12 члена на прокурдската партија се под стража во очекување на почеток на судскиот процес против нив.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители