Свет
12. September 2016 - 15:59

Лидерот на ПКК Абдула Оџалан е подготвен да преговара со Анкара, изјави неговиот брат

Абдула Оџалан, лидер на ПКК кој е во затвор на островот Имрали, е во добра здравствена состојба и е подготвен да и достави на Анкара „предлози“ за прекин на судирите, изјави неговиот брат Мехмет Оџалан по посетата во затворот.

- Имаме прелдози. Ако турската држава е подготвена да ги слушне може да разговараме и да ги конкретизираме за шест месеци за да се запре крвопролевањето, нагласил Абдула Оџалан, цитиран од својот брат.

- Ако турската држава навистина сака, проблемот може да биде решен и да не гинат повеќе луѓе. Ако државата направи еден чекор, проблемот ќе биде решен, изјавил Оџалан.