Македонија
14. November 2015 - 14:11

Лидерот на ДУИ изрази сочувство по повод терористичкиот напад во Париз

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изрази сочуство по повод терористичкиот напад во Париз.
 
- Одземањето на нечиј живот и овие терористички акти, не се прават во име на која било националност, ниту една раса, ниту религија, но се акти на лудило кое заслужува поголема казна и не се вклопува во нашиот поглед на светот, вели Ахмети.
 
Тој додава дека Франција и францускиот народ ќе го надминат овој напад над,како што вели, нашиот начин на живот заедно со сите нас кои го сакаме мирот, толеранцијата, соживотот и разбирањето, а не меѓучовечка омраза.