Македонија
22. December 2016 - 22:52

Лидерот на ДПА Мендух Тачи поднесе оставка

Лидерот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи попладнево поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Оставката, која Тачи, ја соопшти преку својата официјална фесјбук страна, е последица на големиот пораз кој партијата го доживеала на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

- Драги пријатели, штотуку поднесов неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПА и Управниот одбор на партијата. Демократската партија на Албанците колектвно ќе ја води Управниот одбор до вонредниот конгрес, чиј датум на оддржување ќе го одреди Централното собрание на партијата. За координатор на активностите именуван е генералниот секретар, Азем Садику, а јас ќе останам доследен поборник на Демократската Партија на Албанците, напиша Тачи на неговиот Фејсбук профил.