Македонија
17. April 2016 - 19:12

Лидерите од регионот загрижени за Македонија, констатираат наметната криза и посакуваат мирна разврска

Тројца лидери на земји од регионот загрижени за дестабилизацијата која и се најавува на Македонија преку таканареченото “Украинско Сценарио“.

Вчера Српскиот премиер Александар Вичиќ изјави дека дестабилизацијата на Македонија може да донесе и дестабилиизација на Балканот, што воопшто не и одговара на Србија.

Претходно со сличен коментар излезе и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Кој истакна дека дошол до информации во Македонија покрај преку протестите на опозицијата, се подготвува и дестабилизација преку мигрантската криза.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ пак се соочи со проблемот на мешањето на странските дипломати во земјата.

Китаровиќ жестоко им одговори на странските амбасадори кои исто како и во Македонија почнаа да даваат оценки за работата на медиумите во Хрватска.

- Тоа би било чудно знаејќи дека амбасадорите не можат и не смеат да се мешаат во внатрешните работи на земјите во кои се примени. – им порача на амбасадорите Колинда Гравар Китарович.