Лидерите на јужна Европа денеска ќе одржат самит во Мадрид
Лидерите од земјите во јужна Европа денеска во Мадрид ќе одржат самит со цел да покажат единство откако Велика Британија го започна процесот за излез од Европската унија.
Премиерот на Шпанија Маријано Рахој и лидерите на Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Малта ќе одржат состанок во палатата Прадо, близу Мадрид.
- Самитот ќе биде можност да се „лансираат пораки за единство и посветеност на прокетот за европска интеграција во пресуден момент за нашата историја“, стои во соопштенито на Рахој.
- Европа мора да продолжи да работи со цел да одговори на прашањата што се од најголемо значење за нејзините граѓани и зајакнување на проектот за интеграција, се наведува во соопштението.
На самитот ќе се разговара по прашањата за миграцијата, за што државите од јужна Европа се исклучително заинтересирани, како и за економијата, социјалната и обранбената политика и кризата во Сирија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење