Свет
14. December 2017 - 22:09

Лидерите на ЕУ направија чекор кон заедничка европска одбрана

 Лидерите на Европска унија денеска на Самитот во Брисел официјално ја почнаа европската програма за Постојана структурна соработка во сферата на безбедноста и одбраната, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

- Сонот денеска станува реалност. Денеска го поставуваме принципот на постојана структурна соработка односно на заедничка европска одбрана. Тоа е добра вест за нашите сојузници и лоша за нашите непријатели, изјави Туск.

Во обновувањето на проектот за заедничка европска одбрана, што беше одлучено по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, по референумот за Брегзит и анексијата на Крим од страна на Русија, нема да учествуваат Данска, Малта и Велика Британија.