Македонија
18. July 2018 - 20:47

Лидерите излегоа на пауза, средбата ќе продолжи

Лидерите на политичките партии кои во Клубот на пратениците присуствуваат на лидерската средба во моментов се на пауза.
 
По речиси два часа, одлучено е средбата да се паузира кусо, по што истата ќе продолжи.
 
Според неофицијалните информации, продолжението на лидерската средба се очекува да трае уште најмалку еден час.
 
По завршување на лидерската средба најавени се изјави на лидерите на политичките партии.