Личните карти, пасошите и возачките стануваат двојазични со новото уставно име
Владата пред два дена ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија.
Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро