Свет
24. October 2017 - 12:24

Лицето на ова бебе никогаш нема да ви излезе од глава: Има едвај 2 килограми, нема што да јаде, а неговата судбина ја делат уште деца

Војната во Сирија доведе до тоа стоитна деца да немаат што да јадат, а најнесреќни и неухранетите иедвај успеваат да преживеат. Фотографијата на бебето кое е коски и кожа го османа светот, со цел да се крене винамнието на ужасната ситуација во Сирија. 
 
- Лицето на детето наликува на костур. Потребно му е итно лекување за да преживее, наведува УНИЦЕФ. 
 
Момчето нема име, а лекарите не можеле да утврдат ни колку е старо. Единстевно што успеале е да ја измерат неговата тежина: неполни два килограми. 
 
Во изминатите неколку месеци во болница се сместени околу 10.000 деца. Поглолемиот дел од нив се неухранети, а на болниците им недостасуваат храна за да ги одржат нивните органски функциии. 
 
И не само тоа: многу деца патат од мигрена, проблем со видот, па дури и депресија, а лекарите можат само делумно да им помогнат. 
 
Докторот Јаха Абу изјави дека  воглавно недостасуваат работи, на пример шеќерм витамини, а помошта која ја добиваат  е само за пет до шест отсто од децата.