Македонија
28. March 2019 - 11:23

Лице кое го бара Интерпол уапсено на скопскиот аеродром

Вчера во 9:10 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола  било констатирано дека С. П. (42) од Русија, со место на живеење во Северен Кипар, се наоѓа на листата со мерка  „А“(апси) и за него има распишано меѓународна потерница од Интерпол Русија. Тој е лишен од слобода и предаден на инспектор од СМПС за понатамошна постапка.