Македонија
23. October 2016 - 16:48

Лицата со телесен инвалидитет покажаа дека умеат и можат

На симболичен начин преку подготовка на торти кои носат различни пораки лицата со телесен инвалидитет од целата држава порачаа дека и тие можат и умеат. Различни да, но по дела исти, љуби без предрасуди, ова беа само дел од пораките кои членовите на сојузот на лица со телесен инвалидитет од Македонија ги испратија од традиционалната тортијада во Банско преку која потсетуваат дека и тие се тука и имаат право да бидат рамноправни со сите во општеството.

- Нашата манифестација тортијада како и секоја година ја пренесува онаа иста порака и ние можеме и ние умееме со што сакаме да покажеме на останатите граѓани дека и ние лицата со телесен инвалидитет можеме и умееме да бидеме рамноправни. Потребно е и останатите луѓе тоа да го прифатат, не само да слушнат, туку и да прифатат и да го применуваат во секојдневниот живот и да сметаат на нас, вели Мери Туџарова – секретар на Мобилност- Струмица

-Пораката е различни да, но по дела исти. Значи делата покажуваат дека луѓето со посебни потреби на било каков начин се исти како нормалните луѓе и можат да успеат, вели Лидија Велјановска – учесник од Битола

На 19 - та тортијада која традиционално ја организира здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Струмица во натпреварувачкиот дел учествуваа претставници од 13 здруженија од исто толку градови од државата. Како гости годинава  беа присутни претставници на здрженија од Србија и Босна и Херцеговина.