Лицата со посебни потреби од Свети Николе заминаа на годишен одмор во Дојран
Лицата со посебни потреби, кои го посетуваат дневниот Центар за лица со посебни потреби во Свети Николе, заминаа на годишен одмор во Дојран. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека на годишен одмор заминаа 15 лица со посебни потреби заедно со нивните родители.
-Вкупно 30 лица се сместени во детското одмаралиште во Дојран, кое е во сопственост на Општина Свети Николе. Согласно програмата од буџетот на Општина Свети Николе, сите трошоци околу сместувањето и исхраната ги покрива општината, вели Велковски.
Тој додава дека заслужениот одмор на лицата со посебни потреби и нивните родители ќе чини околу 100.000 денари. Инаку, детското одмаралиште во Дојран, кое е сопственост на општината е активно и во него има 100 легла. Велковски додава дека услови за престој има, но во иднина потребна е реконструкција на ова детско одмаралиште.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица