Македонија
8. November 2018 - 16:30

Лицата со посебни потреби еднакви само во дискриминацијата при вработување и во приватниот и во јавниот сектор

Ограниченото образование кое го добиваат лицата со хендикеп е најголемиот предизвик пред кој стои државата.

Тоа не нуди еднаков квалитет како и за останатите, што предизвикува дискриминација на оваа група граѓани, беше истакнато на дебатата за состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп.

Целта на дебатата е отворање поширока дискусија за пристапот до вработување на лицата со хендикеп.

Од Стопанската комора велат дека се работи на изнаоѓање финансиски средства за понатамошно функционирање на Центарот за вработување на лицата со хендикеп.

Македонија не води статистика за вработувањата на лицата со хендикеп. Според Полио плус, многу мал број од нив се вработени во приватниот сектор, а уште помал во јавната администрација. Со ваквите дебати тие се надеваат дека ќе се подигне свеста во државата за оваа група луѓе, бидејќи, како што велат, прашањата што ги засегаат лицата со хендикеп се на последно ниво на агендата на политичарите.