Македонија
8. November 2019 - 16:44

Лицата со посебни потреби бараат поголема вкученост во изборниот процес

Заблуда е дека доколку лица со попреченост имаат претставници во Собранието или Советите на општините нивните проблеми побрзо ќе се решат, сметаат Здруженијата. Државата мора да се погрижи освен пристап до избирачките места, да им овозможи и целосна вклученост во изборниот процес.

-Постојат опасности тука, работите да излезат од контрола и тие да бидат обична презентација наместо репрезентација на своето гласачко тело, вели претседателот на Здружението на лица со попреченост „Полио плус“, Жарко Шаврески.

И пратениците се свесни дека лицата со попреченост се многу малку вклучени во изборниот процес. Но, велат дека и медиумите треба да помогнат, пораките на политичарите да стигнат до овие луѓе.

-Во нашата држава се уште немаме пратеник или советник во некоја општина, лице со посебни потреби. Оттука секоја политичка партија не само декларативно, меѓутоа, вистински треба да ги имплементира заложбите заради кои ние како пратеници учествуваме подигајќи ја свеста на граѓаните за лицата со посебни потреби, вели пратеничката од владејачката СДСМ, Јагода Шахпаска.

За прв пат во Македонија ДИК на минатите претседателски избори користеше гасеничари за да им помогне на лицата со попреченост да го искористат своето право на гласачко место. Претходно, овие лица се пријавува во Комијата, а екипа одеше во нивниот дом за да можат да гласаат.