Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала
Деведесет и четири проценти од лицата со хендикеп се соочуваат со дискриминација во остварувањето на правото на здравствената заштита и осигурувањето, покажа анализата на Полио Плус-движење против хендикеп. Како најголеми препреки за остварување на здравствената заштита се непристапноста до здравствените објекти, нискиот квалитет на едукација на здравствените работници во поглед на работа и комуникација со овие пациенти, како и неквалитетните и несоодветни ортопедски помагала.
Ова денеска го истакна програмскиот раководител на Полио Плус, Елена Кочоска, пред почетокот на јавната дебата на тема „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“. Посочи дека ја организираат дебатата со цел го отворат прашањето за здравствената заштита и лицата со хендикеп согласно Конвенцијата за правата на овие лица, како и да ги согледаат предизвиците кои стојат пред нив.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти