Лицата со хендикеп бараат поголема вкученост во политиката | Сител Телевизија
Македонија
20. May 2018 - 17:59

Лицата со хендикеп бараат поголема вкученост во политиката

Лицата со попреченост да бидат активно вклучени во политичкиот живот, бара граѓанскиот сектор. Тие иницираат донесување на законска регулатива, со која ќе се утврди на следните избори на кандидатските листи да има задолжително лица од оваа категорија граѓани.

- По две лица да има на листите од кои едното би било повисоките места, за да влезат во советите и во Парламентот-изјави Благица Димитровска

Граѓанскиот сектор бара и овозможување на услови, поставување на рампи и лифтови, за лицата со попреченост да можат да гласаат на избирачките места, а не во домашни услови.

- Јас сум вака веќе 6 години и мислам дека еднаш гласав дома, а да одам да гласам да ме влечат по скали, не одам-изјави Љубомир Ристовски

На минатите локални избори едно слепо лице од Штип гласаше самостојно на избирачко место. Истражувањата покажале дека 75 % од местата се достапни за лица со инвалидитет, а информациите за пристапноста беа испишани на веб страната на ДИК.

- Има уште многу работи,многу активности кои треба да се направат, некои се веќе во тек, меѓутоа одиме кон подобрување на состојбата-изјави Афродита Хаџијаха

Членовите на избирачките одбори треба да совладаат техники на однесување со лица со попреченост кога доаѓаат на гласање, нешто што мора да стане составен дел на сите обуки кои ги реализираат државната и општинските изборни комисии.