Македонија
1. October 2018 - 17:37

Лицата кои убија две лица, а едно тешко ранија во петокот на ,,Рузвелтова‘‘ се уште не се познати

Сторителите на двојното убиство на Рузвелтова се уште во бегство. Од обвинителството велат дека тие се недостапни за органите на прогонот и по нив се трага. Издадени се сите наредби за утврдување на доказите и се врши обдукција на телата на убиените. Обвинителство ги вештачи чаурите, возилото и други материјални докази. Со 25 испукани куршуми беа убиени двајца мажи додека се возеле во автомобил Сеат Алтеа. 44 годишниот Наим Ајети беше убиен на лице место додека неговиот совозач,  49 годишниот антонио Парапулов од здобиените повреди починал во болница.   Во пукањето настрада и 19 годишно момче кое било заедно со нив. Поради тешки телесни повреди беше префрлено на КАРИЛ. Лекарите за Сител велат дека момчето се наоѓа во стабилна состојба и е префрлено на една од хируршките клиники.

Во алтеата е пукано од друго возило во движење. Убиството се случи на 28 вечерта околу полноќ на улицата Рузвелтова во центарот на градот каде се наоѓаат неколку кафулиња и СЈО.

Неофицијално се работи за  пресметка помеѓу две групи поради лихварски долг.

Инаку убиениот Наим е брат на Џелал Ајети кој беше добро познат на полицијата и важеше за влијателна личност во скопското подземје. Пред 5 години на сличен начин со автоматско оружје беше убиен во неговата чајџилница во населбата Ченто.