Свет
17. јуни 2017 - 14:22

Либиската крајбрежна стража спаси 906 мигранти

Либиската крајбрежна стража спаси 906 мигранти во близина на градот Сабрата, изјави денеска портпаролот на крајбрежната стража на Либија Ајуб Касем. 

Мигрантите патувале во неколку дрвени и гумени чамци, кога ги пресретнале припадниците на либиската крајбрежна стража. 

Стражарите наведоа дека, едниот од гумените чамци бил премногу натоварен и поради тоа постоел голем ризик за кратко време да потоне, додека на друг дрвен чамец настанал дефект на моторот. 

 - Меѓу мигрантите, од африканска, азиска и арапска националност, имало и 25 деца и 98 жени, наведе Касем.