Свет
19. January 2016 - 13:01

Либија формираше нова влада на национално единство

Либија денеска формираше нова влада на национално единство, насочена кон обединување на спротивставените фракции во таа земја, а согласно планот што го поддржуваат Обединетите нации.

Претседателскиот совет со седиште во Тунис, формиран согласно планот, именуваше вкупно 32 министри.

Советот претходно го помести рокот за формирање влада за 48 часа, додека медиумите наведоа дека дошло до расправа за распределбата на министерските места.

Советот за безбедност на ОН на 24 декември усвои спогодба за формирање влада на национално единство во Либија, која неколку дена претходно ја постигнаа спротивставените страни во земјата.

Резолуцијата тогаш едногласно ја усвоија 15 членки на Советот за безбедност на ОН.