Македонија
4. September 2015 - 16:28

Либерално-демократската партија бара легализација на марихуаната во медицински цели

Либерално демократската партија бара легализација на марихуаната во медицински цели. Младинската организација на ЛДП преку пратениците во Собранието ќе достави предлог закон за декриминалзација на марихуаната за легално користење како лек. Со тоа на лицата кои ја користат како третман за својата болест ќе можат полесно да дојдат до неа.

Во истражувањето на агенцијата М-Проспект, според кое 70% од нашите сограѓани ја одобруваат употребата на марихуана (коноп) во медицински цели. Ја поздравуваме и храброста на агенцијата конечно да се направи истражување, на оваа за многумина табу тема во нашето општество. Резултатите ги сметаме за охрабрувачки, затоа што декриминализацијата на марихуаната и нејзината употребата за медицински цели, е наша долгогодишна заложба.Во исто време се поголем е трендот и поддршката на регионално, европско и светско ниво за легализација на канбисот како алтернатива на хемиските супстанци.

Според Либерално-демократската партија дококу одредени пациенти се одлучат на ваков третман и тој дава позитивни резултати, државата несмее да им го ускратува правото на леголно користење на истата.