Бизнис
19. February 2019 - 19:49

Либерализацијата не донесе ќар за домаќинствата

Домаќинствата сеуште ги немаат почуствувано  придобивките од либерализаицјата на пазарот на струја. Иако  процесот стартуваше по нова година  граѓаните  немаат добиено ниту една понуда од компаните кои имаат лиценца за снабдување со енергија. Пред да почне процесот на либерализацијата  од власта уверуваа дека домаќинствата ќе можат  од повеќе места да бираат од каде ќе ја купуваат струјата, а цената ќе остане  иста.

Единствено корист од либералзиацијата засега имаат само компаниите. Тие имаат од 20 до 30 отсто пониски трошоци за електрична енергија.

Домаќинствата пак кои нема да излезат на слободен пазар струја ќе добиваат од универзален снабдувач. Кој ќе ја извршува оваа функција ќе се знае за 10 дена. Во трка за универзален снабдувач се две компании ЕВН и ЕЛЕМ.  На јавна аукција  ќе биде избран оној кој ќе понуди најниска маржа.