Живот
23. January 2019 - 19:49

Лежела во кома 10 години и наеднаш почнала да се породува: Уапсен монструмот кој силувал пациентка во болница, нема да ви се верува кој бил

Полицијата во Аризона го уапси медицинскиот техничар Нејтан Садерланд (36) под сомнение дека силувал пациентка во кома.

Неговото злосторство е откриено кога жената која веќе 10 години е во вегетативна состојба се породила на 29 декември. Нејтан Садерланд наводно бил задолжен да се грижи за неа.

Пациентката која има 29 години, на клиниката е од кога за малку ќе се удавела, а сега роди здраво машко дете. Грижата за бебето ја презеде семејството.

Персоналот во болницата не претпоставувал дека пациентката е бремена се додека не ја слушнале како напнува и виделе дека почнало породувањето.

Нејзиниот последен систематски преглед бил во април минатата година. Полицијата веднаш ја покрена истрагата врзана за сексуален напад, а од машкиот персонал се земени ДНК примероци.

Садерланд кој во болницата бил од 2011 година, обвинет е за сексуален напад и злоставување на ранливо возрасно лице. Веднаш по избивањето на скандалот директорот на болницата поднел оставка.