Loading Video...
Свет
2. January 2020 - 19:27

Левичарска партија за прв пат ќе биде дел од австриската влада

Левичарска  партија за прв пат ќе биде дел од австриската влада. Лидерот на народната партија Себастијан Курц и лидерот на Зелените Вернер Коглер постигнаа договор за коалициона влада. Двајцата политичари успеаа да се договорат по 3 месеци од изборите. На предвремените избори во септември, партијата на Курц освои 37,5 проценти од гласовите. Но за да  формира мнозинство во парламентот на Курц му беше потребен коалиционен партнер. Зелените со 13,9 проценти беа четврти. Претходно Курц коалицираше со крајнодесничарската слободна партија. Но коалицијата се растури,  поради скалдалот Ибицагејт во мај лани.