Левица: Втор месец неисплатени плати на ваботените во Македонски Железници Транспорт
Вработените во Македонски Железници Транспорт веќе втор месец немаат земено плата, односно се’ уште не им е исплатена априлската плата, а веќе е доспеана платата за месец мај. Платите подолг временскиот период се исплаќаат со доцнење со што ги ставаат вработените во тешка финансиска положба.
Партизацијата на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците - Зуљхајрат Демири нема стратегија, ниту способност да ја рационализира работата на Македонски Железници.
Катастрофалната состојба во Македонските Железници постојано се влошува, додека работниците се оставени на немилост на партиските директори, кои единствено го цедат буџетот за свои лукративни цели. Освен неисплатените плати, вработените се соочуваат и со неисправни возови, со што се изложуваат себеси и патниците на опасности. Таков беше и случајот кога се запали локомотивата кај Велес, каде благодарение на присебноста на машиновозачот немаше сериозни последици.
Поради доцнењето на платите, голем број од вработените не можат навремено да ги исплатат ратите во банка, да платат сметки за комунални трошоци и секако да преживеат, со оглед дека инфлацијата на прехранбените производи е повеќе од 20%.
Во државите низ светот, железничкиот превоз е најупотребуван, затоа што е најефтин и најефикасен. Единствено кај нас железничкиот превоз е доведен до раб на уништување од корумпираните партии, наместо да биде една од националните стратегии.
Очигледно, на нашите владеачки партии, поатрактивни им се патиштата на ,,Бехтел и Енка" од кои ќе може да украдат милиони.
Ново на Сител
-
Анализа: Зошто партиите не ги објавуваат претседателските кандидати порано, туку пред избори?
-
Крадец се засолнил во училиште, настанала паника
-
Teма на денот со Весна Јаневска
-
Заврши распитот на Стојков, за Димковски отворена истражна постапка
-
Во Македонија има епидемија на корупција, ќе има нови имиња на црната листа, кажа Агелер
-
Ковачевски: Јас ќе формирам Влада, а нашиот кандидат за претседател ќе победи на изборите
-
Ќе бидеме робови во сопствената држава ако странци ни ја управуваат струјата, велат експертите
-
Најдени рецензенти, учебници по историја уште нема