Левица: Втор месец неисплатени плати на ваботените во Македонски Железници Транспорт
Вработените во Македонски Железници Транспорт веќе втор месец немаат земено плата, односно се’ уште не им е исплатена априлската плата, а веќе е доспеана платата за месец мај. Платите подолг временскиот период се исплаќаат со доцнење со што ги ставаат вработените во тешка финансиска положба.
Партизацијата на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците - Зуљхајрат Демири нема стратегија, ниту способност да ја рационализира работата на Македонски Железници.
Катастрофалната состојба во Македонските Железници постојано се влошува, додека работниците се оставени на немилост на партиските директори, кои единствено го цедат буџетот за свои лукративни цели. Освен неисплатените плати, вработените се соочуваат и со неисправни возови, со што се изложуваат себеси и патниците на опасности. Таков беше и случајот кога се запали локомотивата кај Велес, каде благодарение на присебноста на машиновозачот немаше сериозни последици.
Поради доцнењето на платите, голем број од вработените не можат навремено да ги исплатат ратите во банка, да платат сметки за комунални трошоци и секако да преживеат, со оглед дека инфлацијата на прехранбените производи е повеќе од 20%.
Во државите низ светот, железничкиот превоз е најупотребуван, затоа што е најефтин и најефикасен. Единствено кај нас железничкиот превоз е доведен до раб на уништување од корумпираните партии, наместо да биде една од националните стратегии.
Очигледно, на нашите владеачки партии, поатрактивни им се патиштата на ,,Бехтел и Енка" од кои ќе може да украдат милиони.
Ново на Сител
-
СДСМ: Мицкоски да не молчи за средбата со Палевски, прикривање докази е кривично дело
-
Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените | ВИДЕО
-
Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост
-
Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против Хантер Бајден
-
254 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење
-
Се празнува Св. Климент Охридски - изворот на нашата духовност и образование
-
Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски испратено до турските власти, определен 30-дневен притвор на возачот кој го пренел до Турција
-
Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година