Левица: СДСМ и ДПМНЕ здружено ќе го легализираат криминалот направен со дивоградбите
Ако малку подобро се погледне законското решение за дивоградбите, кое на јавноста и беше понудено, а каде што како објекти за легализација се вброени и „базените“, јасна е тенденцијата за легализација на приватниот интерес – луксузот и комфорот на побогатите. На странските државјани од документи за легализација им се бара само „копија од патна исправа“, со што и на богатите странци ќе им биде отворен патот за узурпација на македонските урбани јадра и планини. Нешто што не можат да го прават во своите матични држави. Понатаму, ќе се легализираат дивоградби во заштитени подрачја, национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачја на заштитено недвижно културно наследство и нешто што е апсолутно недозволиво, во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, само по добиена согласност од надлежен орган! Со овој закон ќе бидат легализирани стотици нелегални комерцијални објекти, луксузни куќи и викендички, кои со години се градат бесправно со преќутна согласност на властите. Она што мора да се потенцира е дека, овој закон беше договорен на лидерската средба, одржана за одложување на пописот. Токму на предлог на амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со овој закон се предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти (од значење на локално и републичко ниво).
Со заедничкото изгласување на овој амандман, од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се запираат кривичните постапки против новинарот Драган Павловиќ-Латас, поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, градителот на срушениот објект кај „Мавровка“ и градителот на дивоградбата кај Американската амбасада, за која беше објавен и прислушуван разговор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети. Од ова може да се заклучи дека се работи за уште една договорена амнестија помеѓу власта и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, повторно на штета на граѓаните.
Од сите горе наведени причини и многу други, Левица гласаше против овој закон.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Приведен битолчанец осуден на казна затвор од седум години
-
Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски
-
Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година
-
Над 25.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција и над 5.000 реинфекции
-
Маж се удави во Охридско Езеро
-
Николоски се сретна со Ламбе: Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец
-
Загинаа две лица откако врз нив падна кран - МВР со детали за несреќата
-
Пукање во Ласкарци: Убиен 34-годишник