Левица: Радмила Шеќеринска во бомбона-друштво со Боки 13 и Катица Јанева
Од политичката партија Левица реагираа на видеоснимките кои ја покажуваат Радмила Шеќеринска заедно со Катица Јанева и Боки 13. Соопштението го пренесуваме во целост:
„Последните видео-снимки, кои јасно ја покажуваат Радмила Шеќеринска во неформална дружба со сега осудените рекетарски пиуни, Катица Јанева и Боки 13, само потврдуваат дека криминалот е длабоко впишан во кодот на високите функционери на СДС. Снимката сликовито го демонстрира тоа што сите го знаеме, дека Катица Јанева и Боки 13 биле само мала алатка во мафијашкиот систем под директна контрола на високите ешалони од Власта.
Откако со криминалните приватизации од деведесеттите го поставија темелот на уништувањето на нашето општество, основна движечка сила и мотив на СДС е личното богатење на товар и штета на државата и народот. Нивните скапи одела и излитени фрази веќе не можат да го скријат очигледниот факт дека тие се најголемите рекетари на оваа држава. Крајно лицемерни и бесрамни се и нивните промотивни предизборни турнеи низ државата, каде продолжуваат да ветуваат лаги на истите оние луѓе чии животи систематски ги уништиле и продолжуваат да ги уништуваат. Арогантно и бесрамно ја понижуваат интелигенцијата на народот. Но, изборниот резултат ќе им покаже дека Радмила Шеќеринска и СДС може да фарбаат само нишалки, бидејќи никој друг одамна не им верува.
Во изминатите 30 години, во секој покрупен криминал биле вмешани високи функционери од трите партии (СДС, ВМРО и ДУИ). Додека истите тие компромитирани функционери и клептократски здруженија се на позиција да преговараат за правдата, таа нема да ја види дневната светлина. Тие нивната политичка моќ ја искористуваат единствено како платформа за меѓусебен пазар каде сметката секогаш ја плаќа народот. Таков беше случајот со СЈО, институција која требаше да ги разреши криминалите на претходната гарнитура, но се претвори во политички бордел на актуелната власт и меѓународната заедница преку која се уценуваа пратеници да гласаат против волјата на народот.
За правда не се потребни само институции, процедури и нормативни одредби, туку потребни се личности со кредибилитет и личен интегритет и без транзициски багаж. Правдата ќе стигне кога народот ќе ви пресуди!“ се вели во Соопштението на Левица
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација