Левица поднесе 102 тужби до Управниот суд
По отфрлањето на приговорите од Државната изборна комисија, Политичката партија Левица денеска во 10 часот и 30 минути поднесе 102 тужби до Управниот суд во врска со изборниот процес. По нив управните судии најверојатно ќе решаваат на седница која би била закажана во текот на утрешниот ден.
Во Управниот суд на пет посебни седници денеска се расправа по 75 тужби поднесени од коалицијата “Алијанса за Албанците” и “Алтернатива”, како и за една од партијата “Интегра”. Тие своите тужби до Управен ги поднесоа вчера.
Се очекува денеска ваква иницијатива да поднесат и од ВМРО ДПМНЕ.
Откако Управниот суд ќе донесе одлука по сите тужби, ДИК ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски