Македонија
26. May 2022 - 9:45

Левица: Барање за инспекциски надзор за споменикот на Џемо Хаса

Левица поднесе нова iницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса.

Оваа иницијатива е во контекст на претходно поднесената Иницијатива против подигнувањето на меморијалниот споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности.

Имено, сметаме дека државно-правниот континуитет на Републиката не може и не смее да се темели на лица кои историјата ги познава како докажани фашистички колаборационисти и главни егзекутори на припадници на партизанските одреди.

Преку подигнувањето на контроверзниот споменик се врши директен упад во антифашистичкиот карактер на државата и АСНОМ-ските идеали, непосредно утврдени со Уставот на Република Македонија.

Дополнително, сметаме дека контроверзниот споменик не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки, кои мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.

Власта за подигнувањето на овој споменик е запознаена уште во 2018 година, но и покрај тоа, од нивна страна не е преземено ништо за утврдување на легалноста на постапката за негово поставување. Со тоа, апсолутно се докажува поданичкиот однос кој СДСМ го има кон својот коалициски партнер, ДУИ.

Бараме министерството по извршениот инспекциски надзор да ја утврди правилно фактичката состојба, да ги преземе сите правни средства кои му стојат на располагање и да ги санкционира противзаконското постапување, а со цел да се спречат во иднина вакви ситуации.

 

 ​​​​​​Политичка партија Левица