Македонија
30. October 2022 - 15:44

Левица: Апасиев физички нападнат во Благоевград | ВИДЕО

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица - Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист! 

Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!

Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија".

На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!

ЛЕВИЦА