Loading Video...
Фудбал
4. February 2019 - 18:51

Левески: Важно е да ја темпираме формата до октомври

Футсал репрезентацијата на Македонија со победата над Албанија од 3-2 го освои првото место во мундијалските претквалификации. Капитенот Зоран Левески по натпреварот ја истакна важноста на следниот турнир во Украина.

- Не сум задоволен од формата што ја прикажавме но имаме време да се вратиме на потребното ниво до октомври кога гостуваме во Украина.  Пласманот на СП е многу тежок бидејќи има елитна фаза па бараж но за нас е многу важно да освоиме што повеќе бодови на следниот турнир- истакна Левески.

Македонија сега во квалификациската фаза ќе игра со Украина, Словачка и Косово, во група на која домаќин ќе бидат Украинците.