Лев Тахор: Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола
Нè држат во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор за ТВ 24, притоа додаваат дека имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата.
Тие велат дека при секое напуштање на хотелот тие мора да се пријават, заради која причина, каде ќе оди, а исто така да се даде и бројот на пасошот.
– Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така не смееме да шетаме во лобито и да дозволиме другите луѓе да не гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа група која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.
Хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.
– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.
Таа додава дека нормално е дека сопствениците на хотели не сакале да ги примат, затоа што полицијата секаде одела со нив и кога ќе ја виделе полицијата не прифаќале да ги примат, затоа што изгледале како да се приведени.
– Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата.
Ново на Сител
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
-
Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори
-
Во Прилеп приведено лице барано со потерница
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија