Македонија
3. October 2016 - 16:44

Летово има над 100 заразени меѓу кои и со сифилис

Во пораст сексуално преносливите болести во Македонија. Само летото официјално во ИЈЗ евидентирани се над 100 заболени. Повеќето имале  хламидија, а регистрирани се и случаи со гонореја, херпеси и сифилис. Според дерматовенеролозите после Сидата, сифилисот е најсериозен од оваа група заболувања, а може да биде и фатален.

-Во четвртиот стадиум сифилисот може да зафати многу органи. Задолжително медицински се третира и партнерот на заболениот, изјави д-р Лидија Башевска, специјалист дерматовенеролог во Здравствен дом Скопје.

Лекарите потенцираат дека најдобра превенција е користењето заштита при секуслниот однос.

-Македонија е на дното во Европа според користењето контрацепција. Истражувањата покажуваат дека орална контрацепција употребуваат само 5 проценти од жените, а кондоми користат 36 отсто од младите, што е далеку од европскиот просек каде кондоми користат дури 70 проценти од младата популација.

Голем дел од македонските средношколци не слушнале за контрацепција.

-Знаете ли што е контрацепција? – Не... Кои средства штитат од сексуално преносливи болести? – Кондомот, велат дел од анкетираните средношколци.

Освен сексуално преносливи болести, не користењето на контрацепција го зголемува бројот и на абортуси кај младите девојки. Секој втор ден во земјава абортира по една малолетничка.