Македонија
16. September 2018 - 19:27

Лето на Охрид му недостасуваат хотели, во зима остануваат празни

Во екот на сезоната недостигаат хотелски капацитети долж охридското крајбрежје. И покрај тоа што изминативе години се изградија нови хотели сепак бројот на легла не е задоволителен за оваа дестинација. Бројните странски  тур оператори ги закупуваат хотелите  од април до октомври но  од друга страна пак во останатите месеци  капацитетите се речиси празни.

Хотелиерите со подобрување на понудата   проширување на капацитетите и примамливи цени ги привлекуваат туристите.

Во моментов охридско - струшкото крајбрежје располага со околку 7000 легла. Расположливите хотелски капацитети во екот на сезоната беа исполнети и до 90 проценти.