Живот
29. February 2016 - 20:05

Летно сметање на времето - денот ќе трае еден час подолго

Месецот кој почнува од утре освен што е познат по променливите метеоролошки состојби ќе ни донесе и продолжување на денот. Согласно договореното правило за поместување на стрелките на часовник, во последната недела од март, денот ќе добие 1 час повеќе, односно ќе се стемнува еден час подоцна. 

Оваа година последната недела од март е на 27-ми. Тогаш во два по полноќ, стрелките на часовниците ќе ги помериме за еден час напред, што значи дека ќе спиеме еден час помалку, но затоа, ќе имаме еден час подолг ден, односно ќе се стемнува околу 19 часот.