Свет
13. јуни 2017 - 8:37

Летна снежна идила: Јунски снег падна во Калифорнија

Невообичаена зимска бура за овој дел од годината донесе снег на Сиера Невада во Калифорнија, што овозможи љубители на зимски спортови да скијаат  во очекување на летото.

Во Скво Вали бурата нанесе околу 10 см снег на повисоките места, што одушеви скијачи.

– Дефинитивно е убаво, изјави портпарол на одморалиште и додаде дека план е скијалиштето да биде отоворено додека има снег.

- Можно е таквото време да трае до крајот на јули или можеби и август. Снег во јуни е реткост, но не и неочекувано, велат метеоролози.