Македонија
29. August 2016 - 14:21

Летна крводарителска акција во Кичево

Летна традиционална крводарителска акција во соработка со Трансфузиолошкиот институт се одржа денеска во просториите на општинската организација на Црвениот Крст во Кичево.

Акцијата започна во раните утрински часови и ќе трае се до попладневните часови.

Преставникот на Црвениот Крст-Кичево Ивана Лазеска, изрази задоволство од одзивот на граѓаните на хумнитарната акција која што традиционално се одржува секое лето во Кичево поради фактот дека во летниот период се намалуват резервните крвни единици.

Црвениот Крст покрај денешната акција во својата програма има предвидено крводарителска акција и во првата третина од месец септември во просторите на касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, со припадниците на АРМ.