Loading Video...
Фудбал
13. September 2020 - 16:53

Лестер во убедлива победа на стартот на новата сезона

Во англиската Премиер лига денеска на програмата се само две средби од воведното коло. 
 
Екипата на Лестер со убедлива победа со 3-0 на остварена на гостински терен кај Вест Бромвич Албион, ја започна новата сезона. 
 
Популарните „лисици“ до првиот гол чекаа се до 57/минута кога Белгиецот, Кастање им донесе водство. 
 
Во продолжението два гола на Џејмс Варди и двата од пенал. Првиот во 73-тата, а вториот во 83-тата минута, за конечни 3-0. 
 
Покрај овој натпревар денеска ќе се игра и дуелот меѓу Тотенхем и Евертон.