Лестер неколку недели без Варди, напаѓачот мора на операција
Напаѓачот Џејми Варди ќе отсуство од теренот неколку недели, бидејќи мора да замине на операција на ингвинална хернија, соопшти денеска тренерот на премиерлигашот Лестер, Брендон Роџерс.
Според информациите, Варди веќе неколку месеци го пролонгирал хируршкиот зафат со цел да му помогне на клубот во настапите во Премиерлигата.
-Џејми ќе биде аут во следните неколку недели. Изминатите месеци тој чувствуваше здравствени проблеми, но стисна заби и беше фантастичен. Сега ни следува порелаксиран период што ќе овозможи Варди да замине на операција, која повеќе не може да се одложува, истакна Роџерс.
Според процените на лекарите, Варди ќе биде подготвен да се врати во составот на Лестер за мечот против актуелниот првак Ливерпул, закажан за 13 февруари.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи