Фудбал
6. March 2016 - 10:52

Лестер ита кон титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Лестер направија уште еден чекор кон освојување на шампионската титулата, откако во последниот саботен натпревар од 29.коло, славеа кај Вотфорд со 1:0.
 
Натпревар без многу фудбалска убавина одиграа Вотфорд и Лестер, кој успеа да искористи една од двете шанси и на крајот да стигне до значајна победа. Лестер со оваа победа покажа дека е подготвен да ја освои титулата.
 
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 56.минута, кога Ријад Марез од работ на шеснаесетникот го совлада Гомез.
 
Лестер е лидер со 60 бодови, пет повеќе од Тотенхем и осум од Арсенал, додека на чевртото место се наоѓа Манчестер Сити кои со меч помалку има 50 бодови.
 
На останатите натпревари Челзи ремизираше со Стоук 1:1, Евертон загуби од Вест Хем 2:3, Саутемптон и Сандерленд одиграа 1:1, Свонси го победи Норич со 1:0, додека Њукасл беше поразен од Борнмут 1:3.